20.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на градоначалникот Ногачески, во село Требеништа се изгради современо детско игралиште,...

Благодарение на градоначалникот Ногачески, во село Требеништа се изгради современо детско игралиште, а со тоа најмладите добија свое катче за игра и рекреација.

Во 2023 година, во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети”, со средства обезбедени преку УНДП и општината во село Требеништа се изгради современо детско игралиште, а со тоа најмладите добија свое катче за игра и рекреација.


Како локална самоуправа ќе продолжиме и во наредниот период да градиме детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат.

Активностите за модернизирање на детската и спортската инфраструктура на територијата на општина Дебрца продолжува и оваа година, при што ќе издвоиме неколку вакви проекти👇

🚩Оровник –обнова на постојните и поставување на нови детски реквизити на просторот кај јарболот, како и уредување и поставување детски реквизити кај горната чешма,

🚩Горенци-детско катче со нови реквизити,

🚩Волино-уредување на постојното детско игралиште,

🚩Мешеишта-поставување дополнителни реквизити до постојните кај спортскиот полигон,

🚩Ботун-уредување на детско игралиште во центарот, непосредно до зградата на училиштето,

🚩Белчишта-изградба на детско игралиште во училишниот двор,

🚩Лешани-санација на постојните реквизити на детското игралиште во училишниот двор.

🚩Велмеј-реконструкција на одбојкарското игралиште и поставување детски реквизити.

✔️Нашата заложба е речиси секое село со поголем број на жители да добие соодветни услови за спорт и рекреација на најмладите.

Стои во објавата на градоначалникот Ногачески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...