Сообраќајка во близина на селото Требеништа, повредени две лица

- Локални, Хроника
856

На 6-ти септември 2023 година, во 22:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило марка „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од Охрид, излетало од патот.

Притоа, возачот и 19-годишниот сопатник од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари