Времена измена на сообраќајот од 22 септември, односно пренасочување на сообраќајот со воведување на една девијација на делница Песочани-Требеништа, на км.0+000-км.2+300, најавуваат од Синохидро Корпорејшн Лимитед-Пекинг, Подружница Скопје со седиште во село Извор, Кичево.

Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување на непречен и безбеден сообраќај и поставување на соодветни сообраќајни знаци. По завршување на градежните работи, сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација, велат во соопштението.

Апелираат за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.

OhridNews